
Памукот е најчесто користеното природно влакно во производсвото на облека. Неговото производство бара огромни напори.
Органскиот памук се одгледува и препаботува само со природни методи и во споредба со конвенционално произведениот памук, органскиот е многу попријателски расположен кон екосистемите и здравјето на луѓето.
Со цел да се зголеми приносот на жетвата, при произдовството на конвенционалниот памук се користат многу хемиски компоненти кои се опасни за здравјето на луѓето и природната средина, додека пак органскиот памук се одгледува и преработува само со природни методи.
За да произведете една конвенционална памучна маица потребни се повеќе од 2.500 литри вода. Таа вода најчесто се добива од блиските езера и реки, што предизвикува осиромашување на околните екосистеми. За производство на една маичка од органски одгледуван памук се користи 90% помалку вода од околните расурси, бидејќи при неговото производство најчесто се користи дождовната вода.
Иако нашата планета 70% е покриена со вода, сепак, само 3% од неа е слатка вода која може да се пие. Знаете ли дека 1 милијарда луѓе немаат пристап до слатка вода, а 2.4 милијарди луѓе страдаат поради несоодветни санитарни усливи. Милиони луѓе, претежно мали деца умираат секоја година поради болести кои се пренесуваат преку вода, предизвикани од несоодветни санитарни услови и недостаток на вода.
При конвенционалното производство на памук се користи голема количина на пестициди кои најчесто се канцерогени и многу опасни за нашето здравје. Пестицидите навлегуваат во почвата, а потоа и во водата. Иако памукот се одгледува на само 2.5% од светското земјоделско земјиште, тој користи 16% од сите инсектициди и 6.8% од сите хербициди што се користат ширум светот.
Од друга страна пак, за одгледување на органски памук се користат само природно, несинтетичко ѓубриво и компост, без никакви хемиски пестициди. Плевелот и штетниците се елиминираат рачно или со природни супстанции.
Сертификатите за оргнско производство гарантираат дека пестицидите не биле користени на одредено поле во изминатите 3 години, инаку памукот не може да се означи како органски.
Сето ова влијае на приносот и профитабилноста на жетвата и затоа цената на органскиот памук е повисока.
Одгледувањето на конвенционалниот памук фундаментално ги нарушува околните екосистеми, додека со органското производство ние поддржуваме зачувување на биодиверзитетот и сме сигурни дека оставаме чиста вода за околната природа. Органските полиња се дом за многу животни како пчели, пеперутки и птици. На органските полиња има од 50% до 75% поголемо присуство на пчели.
Токсичните супстанции кои се користат при одгледувањето и преработката на конвенционалниот памук имаат катастрофално влијание врз земјоделците и луѓето вклучени во процесот на производство на облека. Хемикалиите кои се вдушуваат или лесно навлегуваат преку кожата предизвикуваат рак, труење, астма, спонтан абортус или дефекти кај бебињата кои ќе се родат.
Според СЗО поради употреба на пестициди годишно имираат над 20.000 луѓе.
Хемиските средства кои се користат при производстово на конвенционалниот памук не влијаат штетно само врз луѓето кои ја произведуваат облеката, туку и врз нас самите. Памукот абсорбира околу 16% од пестицидите и заедно со боите кои се користат за обојување на метеријалот, кои при конвенционалното производство се исто така многу токсични, влегуваат во нашете тело, преку кожата (најголем огран на нашето тело), ја оштетуваат кожата и го загрозуваат нашето здравје.
Ова го прави памукот ,,највалканата”земјоделска култура, па дали сеуште сакате да го ставите на вашата кожа или на нежната кожа на вашите бебиња и деца.
Ви требаат ли повеќе причини за да преминете кон употреба на органски памук?
Конвенционално произведениот памук и неговата пониска цена се должат на застрашувачките услови за работа. Земјоделците работат со многу мала маржа и понекогаш не се во можност да ги покријат своите животни трошоци, што резултира со бесконечни долгови. Вработените се принудени да работат во нехигински услови, немаат заштитна опрема, бројот на работни часови е неподнослив, а да не заборавиме да споменеме дека детскиот труд не е исклучок.
Во последните 20 години, стапката на самоубиства кај фармерите за памук е премногу висока. На пример, само во 2013 година 11.772 земјоделци извршиле самоубиство во Индија, тоа се 44 земјоделци на ден.
Друг пат кога купувате нов пар панталони, ако цената ви изгледа безобразно ниска, знајте дека некој друг платил за нив.
Органите за сертификација на одржливост контролираат дека во текот на целата обработка на памукот се почитуваат етичките стандарди и вработените се третираат добро, работат во безбедна околина и се добро платени.
Кога одбираме огрански одгледуван памук одбираме да направиме чекор кон подобра животна средина, се грижиме за клавитетот на живот и здравјето на луѓето вклучени во процесот на производство, како и за нашето сопствено здравје.