Земјата доживува уште едно истребување на животни, кое најмногу се должи на човечките активности, како што се уништување на живеалиштата на животните, нивна преголема експлоатација, климатските промени и загадувањето.

Модната индустрија е еден од главните загадувачи на животната средина, во глобални рамки.
Последниците од неа се присутни кај сите видови на живот на планетава. Таа е задолжена во голема мерка за загадувањето на воздухот, водата, почвата и со тоа влијае врз сите живи суштества.

Првата колекција наречена ENDANGERED е посветена на загрозените видови на животни, кои недолжни ја плаќаат цената на човековите постапки. Оние кои секојдневно се убивани или ги губат своите места за живеење, како последница на потребата за поголемо производство.

Колекцијата е изработена од органски одгледуван памук, а парчињата се во лимитиран број.
Секое парче е рачно изработено, шиено и везено, со особена љубов, посфетеност и внимание.